Оваа често несвесна навика може да има неколку негативни последици по вашето здравје
Од сосема логични причини, седењето со вкрстени нозе првенствено е поврзано со жени, иако мажите често го прават истото. Ова е претежно несвесна активност која воопшто не ја забележуваме за време на работата или разговорот, меѓутоа, седењето со вкрстени нозе може да има неколку лоши последици по вашето здравје.
Обидете се да се натерате и полека да ја извлечете оваа навика од секојдневниот живот.
И еве зошто е добро да се направи тоа:
Ги оштетува стапалата и нервите
Континуираното седење во оваа позиција може да доведе до слабеење на мускулите што ги креваат стапалата. Исто така, може да има нерамнотежа во карлицата, што доведува до скратување на внатрешниот бутен мускул, а издолжување на надворешниот, што може да доведе до дислокација на зглобовите.
Висок притисок
Студиите покажаа дека подолг период на седење како ова може да доведе до висок крвен притисок, дури и кај оние кои претходно немале проблеми со тоа.
Вени и циркулација
Прекрстените нозе влијаат на добрата циркулација. Шансите за создавање таканаречени „пајачни вени“ исто така се зголемуваат. Ако нозете се прекрстат, притисокот врз вените се зголемува и протокот на крв станува потежок.
Лошо држење на телото и болка
Ако седите во оваа позиција повеќе од три часа на ден, тоа може да доведе до згрбавување, болки во долниот дел на грбот, како и создавање непријатно чувство во колковите.