Американската модна дизајнерка Вера Ванг (70) е една од највлијателните личности на светската модна сцена.
Нејзините креации ги носат холивудките ѕвезди на црвените теписи, но прашањето кое се поставува е како оваа дизајнерка успева да изгледа толку младо на 70 години.
Последните фотографии кои таа ги објавила на социјалните мрежи ги изненадилo многумина.
Таа ги открила стомачните мускули, но и кожата без ниту еден знак на стареење, без ниту една брчка на лицето, што ги шокирало обожавателите.
Времето во изолација Вера го поминува во својот дом во Мајами, вежбајќи. Пред ситуацијата со коронавирусот таа не била голема љубителка на вежбање, иако поголемиот дел од детството тренирала уметничко лизгање.
Сепак, нејзината фигура е зачудувачки убава и млада!