Дали тоа што мојата жена сака да се самозадоволува, ГО УБИВА нашиот ИНТИМЕН живот?

21 август, 20200
Annotation 2020-07-30 235911

Водењето љубов и мастурбацијата никогаш не може да бидат еднакви

Памела Стивенсон Коноли е американски психотерапевт, а нејзината потесна специјалност се сексуалните нарушувања.

Таа добива десетици прашања на својата е-пошта секој ден, со разни проблеми, од најбанални до многу сериозни.

Ви донесуваме едно од последните прашања во врска со сексуалните односи што пристигнале на нејзината адреса, како и нејзиниот одговор.

Знам дека мојата сопруга ме сака и имала многу оргазми во нејзиниот живот, но од време на време, таа сака да си „игра“ со себе. Јас имам 65 години, а таа има 60 години и сме во брак скоро 40 години, така што апсолутно знам што сака.

Еднаш во текот на денот таа има навика да оди во спалната соба и да ја заклучи вратата – свесен сум дека има само една причина зошто го прави тоа (иако никогаш не сакав да се обидам да влезам внатре во тие моменти). Откако го направила тоа што го имала, таа сака да се гушка со мене подоцна во вечерните часови, но не е заинтересирана за секс. Се чини дека таа е веќе целосно задоволна, па можам да се збогувам со мојата идеја за секс!

Таа негира дека нешто чудно се случува и не мислам дека сака целосно да се откаже од сексот. Но, дали би јаделе повторно, откако веќе ќе се прејадете?

Што да правам?

Стивенсон Коноли му одговори на човекот дека мастурбацијата не значи секогаш дека личноста после тоа не сака да има секс, туку дека на многу луѓе им дава различна димензија на задоволство отколку водењето љубов.

На крајот на краиштата, многу жени и мажи мастурбираат, иако се целосно задоволни од сексуалниот живот. Сепак, не може да биде исто како водењето љубов, затоа што мастурбацијата тешко вклучува емоции.

Многу е разумно да не ги прекинувате моментите на приватност на сопругата и треба да продолжите да го правите тоа, затоа што е можно дека ова е едноставно време што таа сака да се посвети на себеси, без оглед на вашиот сексуален живот заедно и не треба воопшто да се грижите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi