Данец кој ја посетил скоро секоја земја во светот без „летање“ е заробен во Хонг Конг веќе 4 месеци. Еве како изгледа еден негов ден

popara8 јуни, 20201min00
хттх

Пред шест и пол години, Торбјорн „Тор“ Педерсен го напушти својот дом во Данска во потрага да стане првиот човек што ќе ја посети секоја земја во светот без летање.

Голем дел од патувачката филозофија на Тор е приоритет на локалните места, секојдневните искуства, наместо да ги посетувате туристичките атракции. Тој, исто така, се држи до просечен буџет од 20 долари на ден. Педерсен открил дека животот не се сменил драстично во Хонг Конг за време на пандемијата на коронавирус, делумно заради културните и институционалните измени донесени по епидемијата на САРС во 2003 година. Бизнис инсајдер исконтактира со Педерсен на 20 мај за да дознае повеќе како го поминува своето време во Хонг Конг и го замоли да сподели слики од неговите искуства во текот на изминатите неколку недели. Од пешачење по 48-километарската патека Вилсон над 26 часа , до истражување на центарот на градот Хонг Конг без туристи, еве како изгледа еден типичен ден за светскиот патник Тор Педерсен во Хонг Конг за време на пандемијата на коронавирус.

Хонг Конг рано презеде мерки за да го спречи вирусот, вклучувајќи затворање на училишта, спроведување на мерки за тестирање и изолација. Почнувајќи од крајот на март, Хонг Конг воведе дополнителни ограничувања, вклучувајќи затворање на границите на нерезиденти, замолувајќи ресторани да работат со половина капацитет, да затворат барови и да воведат забрана за јавни собири на четири или повеќе лица.

Избувнувањето на САРС во 2003 година во Хонг Конг зарази повеќе од 1.700 луѓе и резултираше во 300 смртни случаи, се вели во извештајот на Светската здравствена организација. „Како еден од најтешко погодените епицентри за време на епидемијата на САРС во 2003 година, Хонг Конг е подобро опремен да се спротивстави на појава на КОВИД-19 од многу други земји“, рече д-р Пенг Ву од Школата за јавно здравје на универзитетот во Хонг Конг средината на април. Пенг наведе „подобрено тестирање и болнички капацитет за справување со нови респираторни патогени и популацијата е свесна за потребата од подобрување на личната хигиена и одржување на физичко растојание“.

Во моментов, нерезидентите кои пристигнуваат со авион до Хонг Конг од дестинации надвор од копното на Кина, Макао и Тајван, им е забранет влез, според генералниот конзулат на САД во Хонг Конг и Макао. Нерезидентите кои пристигнуваат од копното Кина, Макао или Тајван имаат дозвола да влезат само ако не патувале на друго место во странство и мора да се стават во карантин две недели.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag