Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам планира да води своја кулинарска емисија. Преговорите сè уште се во тек, но првичните податоци говорат дека неговиот проект е во соработка со BBC и Нетфликс и со продукциската куќа Студио 99.
Идејата за новото шоу на пензионираниот фудбалер, како што вели, му дошла за време на самоизолацијата поради корона-пандемијата. Семејството Бекам од дома често знаеше пред своите обожаватели да ги покаже своите вештини во домаќинството и во кујната.
Дејвид (45), наводно, веќе се сретнал и со познатиот британски ТВ-готвач Гордон Ремзи, „заради вредни совети“ околу неговиот претстоен проект.