Официјална изјава на Обединетите Нации за Ковид-19 и движењето „Black Lives Matter“

popara16 јуни, 20201min00
blm

Тешките економски последици што ги остави Ковид-19 пандемијата во глобалниот свет, е минорен во споредба со катастрофалните климатски промени во светот, предупреди лидерот за одржлив развој на ООН.

Лиза Кинго, извршен директор на Глобал Компакт на ООН, настојува преку медиумските интервјуа да има многу јасни информации за тековната здраствена криза, проблемите со климатските промени и прашањето „Black Lives Matter“ што се рашири низ целиот свет.

Пандемијата на коронавирусот е „само огнена вежба“ за она што доаѓа, проговори таа за медиумите. Владините активности, наводно преземени за да се запре ширењето на вирусот, тие ја уништуваат економијата низ целиот свет и тоа се припишува на широко распространетите социјални немири – правејќи го предупредувањето особено отрезнувачки во глобалниот свет.

Според официјалниот претставник на ООН, прашањата околу нееднаквоста се „дел од агендата за одржлив развој“. Таа додаде дека „единствениот пат напред е да се создаде свет што никој не се остава зад себе“.

Лиза Кинго ја опишува смрта на Џорџ Флојд од Минеаполис како „ужасно зло и расизам“ од страна на полицијата и дека човековите права се „неразделни“ од справувањето со климатските проблеми. Таа ги охрабри извршните директори и бизнис сопственици да станат „социјални активисти“, тврдејќи дека младите луѓе не би сакале да работат за нив, освен ако „не ја разберат социјалната еднаквост“.

Сепак таа не образложува како точно демонстрациите на Black Lives Matter“ се однесуваат на климатските промени, но одредени активисти гледаат поврзаност на настаните.

Минатата недела, група на активисти за климатски промени Extinction Rebellion (XR) се насочи кон Универзитетот Кембриџ, вандализирајќи ја зградата на колеџот во знак на протест против спомен-обележјето за наводно „расистичкиот“ статистичар Роналд Фишер. Знаменит човек на 20 век за статистика и поборник за еугеника. Фишер постулира дека цивилизациите не успеваат затоа што луѓето со „ниска генетска вредност“ имаат повеќе деца отколку луѓе со „висока генетска вредност“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag