Познатиот германски модел Хајди Клум (46) го шокираше светот во финалето на реално шоу со своето деколте во минијатурен фустан.
Иако се смета за една од непогрешливите, кога станува збор за модата, се чини дека тоа не е случај овој пат. Судејќи според коментарите, нејзиниот последен изглед многумина го нарекоа модна катастрофа.
Хајди во финалето на реалното шоу, се појави во светкав мини фустан, кој беше толку тесен што едвај можеше да ги спакува градите. Годниот дел на креацијата, во деколтето, изгледаше како да ќе експлодира.
И покрај тоа што убавата манекенка во овој мини фустан ги покажа долгите нозе и го истакна нејзиното деколте, на многумина не им се допадна нејзиниот изглед.
„Можеше ли да ги истакнеш градите повеќе?“, „Дали фустанот го набави со вградени гради?“, „Судиш за мода, а вака си облечена?“, се само дел од коментарите што следуваат по нејзиниот изглед.
Покрај Хајди, во жирито на ова шоу се најдоа и Наоми Кембел, Никол Ричи, Кјара Ферањи …
Како изгледаше деколтето на Хајди, кое предизвика многу критики, погледнете во галеријата, а покрај оваа фотографија, погледнете и некои други изданија на нејзиното бујно деколте, кои ја привлекоа јавноста.