Кендал Џенер ја нападнаа бидејќи се забавува со кошаркари, па следеше неочекуван одговор

30 април, 20200
кендал

Откако е објавено дека новото момче на Кендал Џенер е кошаркарот на НБА лигата, Девин Букер, младата реалити ѕвезда е мета на критики на социјалните медиуми.

Имено, пред Букер таа се забавуваше со НБА ѕвездата, Бен Симонс, при што некои на социјалните мрежи велет дека „кошаркарите си ја подаваат еден на друг“.

Кендал Џенер не им остана должна и одговори на овие дофрлувања, а нејзините сестри Ким, Клои и Кајли и се придружија.

Според ТМЗ, кошаркарот и Кендал биле снимени на место за одмор во Седона, Аризона, а веднаш се појавија гласини дека реалити ѕвездата има ново момче. На снимката објавена од порталот се гледа како Кендал влегува во „Мајбах“ вреден 1,4 милиони долари.


Извор близок на парот изјави за медиумите дека тие се само пријатели. Инаку, според светските медиуми, Девин бил во врска со пријателката на Кендал, Џордан Вудс, па таа и Симонс често излегувале со нив.

Додека некои пишуваа навредливи коментари, еден корисник на „Тик Ток“ објави видео во кое опишува како кошаркарите си ја „подаваат“ Кендал.

Наскоро следеше нејзиниот одговор.

„Тие се однесуваат како да не контролирам каде ќе заврши мојата ва*ина“, напиша таа.

„Ова е твитот на годината“, одговори нејзината сестра Ким.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi