Декорациите на нашата планета: Светски чуда на ПРИРОДАТА кои се РЕКОРДЕРИ по нивните димензии (ФОТО)

3 октомври, 2020
koralni-greben

Природата постоела и ќе постои, без оглед на човековата активност, а понекогаш навистина треба да застанеме и да размислиме за нејзината величественост.

Некои места на планетата Земја се навистина неверојатни, а нивните димензии ги прават уште понереални.

Ви ги претставуваме светските чуда, кои се вистински рекордери во однос на нивните димензии.

Бајкалското езеро е најголемото и најдлабокото во Светот

Дали знаевте дека Бајкалското езеро е најдлабокото езеро во светот и дека е најголемото езеро со слатки води според водената површина? Опфаќа дури 20 проценти од светските резерви на слатки води. Најголемата длабочина е околу 1615 метри. Таму живеат околу 1.500 животински видови, од кои 80 проценти се ендемични видови.

Големиот корален гребен е најголемиот во Светот

Ова е факт што веројатно им е познат на многу луѓе, но можеби не знаете дека официјално едно од седумте природни чуда на светот има должина од 2.030 километри. Тој всушност е составен од 3.000 индивидуални гребени и вклучува стотици тропски острови. Тоа е единственото нешто од живиот свет што може да се види од вселената, а овој гребен е подолг од Кинескиот Ѕид.

Нил е најдолгата река во Светот

Најдолгата река во светот извира под екваторот, а на крајот од својот тек низ Африка се влева во Средоземното Море. На тој пат од дури 6.695 километри, тече низ Танзанија, Бурунди, Руанда, Демократска Република Конго, Кенија, Уганда, Јужен Судан, Етиопија, Судан и Египет.

Ангелските водопади се највисоките во Светот

Во срцето на Венецуела се наоѓаат Ангелските водопади високи 979 метри, што ги прави највисоки во Светот. Многу е тешко да се дојде до нив, опкружени се со природни структури познати како тепуи. Нема водопад што може да се спореди со овој според висината.

Исланд е најголемиот вулкански остров

Со својата површина од 103.000 квадратни километри, Исланд е најголемиот вулкански остров во Светот, кој е формиран поради вулкански ерупции. Исланд е една од најмалку загадените земји во светот и активно го користи своето изобилство на природни ресурси, меѓу кои е и геотермалната топлина.

Мртвото море е на најмала надморска височина

Мртвото море всушност се наоѓа на 430 метри под нивото на морето, и секоја година паѓа за уште еден метар. Познато е по екстремните нивоа на сол, поради што во него нема живи организми и затоа на луѓето им е лесно да лебдат во ова море.

Најдолгата плажа е во Бразил

Најдолгата плажа на Светот, Праја до Касино во Бразил, се проценува дека е на околу 245 километри од реката Рио Гранде до границата со Уругвај.

escort - Korsan taksi