Денеска во Хјустон ќе биде погребан Афроамериканецот Џорџ Флојд, чие убиство во полициската акција во Минеаполис предизвика протести низ цела Америка, но и во светот.
Предвидено е неговото тело, за време на комеморацијата да биде јавно изложено шест часа во Хјустон, по што ќе биде погребан.
Флојд почина на 25 мај за време на апсењето, кога полицаец му го притискаше вратот со колено повеќе од осум минути, а неговата смрт предизвика протести против расна дискриминација и полициска бруталност низ САД и во светот.
Претходно беа одржани комеморативни служби за Флојд во Минеаполис, каде што беше убиен, и Редфорд, неговото родно место во Северна Каролина.