ДЕНЕС НЀ ЧЕКА СПЕКТАКЛ НА НЕБОТО: Дури два џиновски астероиди ќе поминат покрај Земјата, еден многу близу!

1 септември, 2020
spektakl

За астероидот 2020 QG5 е познато дека неговиот дијаметар е помеѓу 20 и 40 метри. Денес овие карпести грамади ќе поминат покрај Земјата, поминувајќи по 14 километри и 220 метри секоја секунда, но на растојание од скоро три милиони километри.

За споредба, метеорот што се сруши над Челјабинск во 2013 година беше со дијаметар од околу 19 метри, со брзина поголема од пет километри во секунда, но и тоа беше доволно за да вселенскиот проектил тежок 11.000 тони, да експлодира на надморска височина од 15 до 25 километри , повреди околу 1.500 лица и искрши прозорци, кровови, оштети sидови на дури 7.200 згради.

Денешниот спектакл се очекува околу 18:12 часот по локално време. Астероидот 2011 ЕС4, чија големина се проценува на помеѓу 22 и дури 49 метри, ќе се движи многу побавно, „само“ 8 километри и 160 метри во секунда, но затоа на растојание од Земјата од само 120 000 километри.

escort - Korsan taksi