Во последново деноноќие, регистрирани се 127 новозаболени од Ковид-19.
Ако бројката биде и официјално потврдена ова ќе биде најголем пик од почетокот на епидемијата во нашата земја.
Досега највисокиот пик изнесуваше 107 заболени лица, регистрирани за 24 часа.
Инаку, во текот на изминатото деноноќие на 435 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.
Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 641 прекршоци.