Депресивни и анксиозни сте? Погледнете во својата чинија. Не се шегуваме, храната и тоа како влијае на нашата физичка и психичка состојба.

popara2 август, 20202min00
depresija

Депресијата , не е јесна. Постојат повеќе облици, но и причини. Може да е предизвикана од трауми во детството, стрес што животот ни го носи со себе, долготрајни губитоци, па дури и некои видови на воспаленија од низок степен во организмот.

Меѓутоа, помалку позната причина за депресијата е таа која се јавува ако исхраната не е избалансирана кон вашиот тип на тело. Луѓето генетски се месождери, вегетеријанци или нешто помеѓу. Не ускладувањето со вашата физиологија е одличен рецепт за психички проблеми и депресија.

Ако чувствувате умор, летаргиј, анксиозност, или сте склони кон паника , размислете… дали сте вегетеријанец или веган? Дали сте ‘зависник’ од шеќер, или рафинирани јаглени хидрати? Постои шанса да не сте ускладени со вашите биолошки прехрамбени потреби. Вашиот “мотор” можеби нема да работи само со вегетеријански бензин. Иако е вистина дека диетата, базирана на билки, дава темел за извонредно психичко здравје, многу малку луѓе можат да напредуваат без некои животински протеини. Прашање е во која количина ви се потребни.

Науката за исхрана на менталното здравје се вика Биохемиска индивидуелност,а тој израз го дефинирал др. Роџер Вилијамс кој открил и именувал многу од Б-витамините.

Зеленчукот треба да се урамнотежи со животинските протеини . Мозокот се ослонува на аминокиселините од животинските протеини за да ги синтетизира неуротрансмитерите, нашите хемикалии на фокусирање и расположение. Ако ги нема доволно, доаѓа до депресија и анксиозност.

Др Вестон Прајс, во текот на своите патувања низ светот не успеал да пронајде ни една традиционална култура или друштво која е во целост вегански, сугерирајќи дека веганството е модерен прехрамбен изум. Иако за веганството постои многу емоционални и духовни причини, нема докази дека постојат некои причини во биолошката состојба.

Потребите на мозокот и умот за некоја храна ги одредува нашето културно и генетско наследство, кое се развило во опкружување во кое евалуирале нашите предци.

Предците го одредуваат нашиот метаболизам

Ние во нашите гени ја носиме историјата на нашите предци а посебно на родителите, а тоа го одредува нашиот метаболизам. Веганството е посебно опасно за трудниците и нивните плодови, бидејќи мозокот, има потреба од голема количина на есенцијални масни киселини кои се потребни за развој на нервниот систем. Тие масти се достапни само од животни кои се хранат со трева, ги има во јајцата, млечните и јаткастите плодови.

Протеините во веганската исхрана се ограничени на билни белковини кои се наоѓаат во намирниците, како што се мешункастите, јаткастите плодови, семињата и цело зрнестите житарици, но само неколку од нив ги содржат комплетните протеини. Тоа резултира со дефицит на есенцијални аминокиселини кои се потребни за оптимално здравје.Веганската диета често вклучува голема количина соја, што може да има негативно дејство на хормоните на штитната жлезда и варењето на ензимите. Веганската и вегетеријанската диета често содржат високо рафинирани шеќери и многу вегетеријанци имаат потреба за шеќер, што придонесува за воспаленија и анксиозност. Тоа е и знак дека исхраната може да има недостаток од протеини или масти.

Другите витамини кои недостигаат во веганската исхрана или се во многу мала количина , севитаминД, витамин Б12, калциум и железо. Витаминот Д е неопходен за превенција на депресии и болка. Другите витамини кои се растопливи во масти, А, Е и К исто така имаат потреба од заситени масти кои се наоѓаат во животинските протеини, за апсорпција.

Личностите кои сакаат да се придржуваат кон веганската исхрана треба да консумираат оброци во кратки временски интервали. Тоа може да биде поволно за периодот на детоксификација, но не и за долготрајна исхрана.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag