Малиот Пирс, љубопитен како и секое дете, тргнало по мајка му кога таа отишла во купатилото да пере.
Додека таа ги ставала алиштата во машина, го оставила омекнувачот кој Пирс го зел и испил неколку голтки.
По неколку минути тој паднал на подот, а вознемирената мајка веќе почнала да вика за помош.
Тие веднаш го однеле онесвестениот Пирс во болница, а таков е и денес. Заради отровот кој му се наоѓа во стомачето, сите органи му се загрозени.
Покрај Пирс бдее целото семејство. Покрај мајката и таткото, тука се и останатите четири деца и сите со страв гледаат во големиот екран кој ја покажува неговата состојба.
Мајката Мелиса (27) не може да си прости што била несвесна дека детето може да ја следи и да земе нешто додека таа не гледа.
“Докторите постојано ме смируваат дека Пирс ќе го надмине ова и дека ќе живее. Тој е силен, но јас до крајот на животот нема да можам да си простам”, изјавила видно очајната мајка.