Диџејот Тиесто стана татко: Не знаев дека можам нешто волку да сакам!
16 ноември, 2020
51-годишниот Тиџ Мичи Вервест, попознат како диџеј Тиесто, стана татко. Холанѓанецот го доби своето прво дете, ќерката Виола Маргрит, со 24-годишната сопруга Аника Бакес.
„Поздравете ја ќерка ми Виола Маргрет Вервест. Тоа ми дава чувства за кои не знаев дека постојат во мене. И нејзината мајка е вистински шампион.“, напиша славниот диџеј во емотивен пост.