Докази кои покажуваат дали Ковид-19 е сексуално пренослив?!

popara8 јуни, 20201min00
virus

Некои претходни студии укажуваа на тоа дека Ковид-19 е присутен во тестисите кај мажите. Но, и покрај тоа, истражувачите сметаат дека вирусот не може да се пренесе по семен пат.

Научници од Кина и САД работеле на таква студија која се однесувала на загриженоста дека вирусот може да се пренесува по сексуален пат, исто како Ебола,Зика и други патогени. За да дознаат дали е така, тие собрале семени примероци од 34 мажи еден месец откако им била поставена дијагнозата. Примероците биле од мажи со благи и средни симптоми на Ковид-19. Лабораториските тестови во ниту еден примерок не го потврдил присуството на SARS-CoV-2.

“Доколку вирусот е во тестисите, но не и во спермата, тој не може да биде сексуално пренослив”, изјавил доктор Џингтао Гуо, кој е коавтор на студијата. “Но, ако е во тестисите, може да предизвика трајно оштетување на спермата и нејзината продукција”

“Маж кој е сериозно болен од Ковид-19 може да има поголемо вирално оптеретување во организмот, што може да доведе до поголема веројатност да се зарази и семената течност. Едноставно, во моментов не можеме да потврдиме дали е тоа така. Но, земајќи предвид дека не откривме таков вид на активност помеѓу пациентите во оваа студија кои се опоравуваа со блага до умерена форма на болеста, е охрабрувачко и смирувачко”.

Сепак, докторите предупредуваат дека интимниот контакт секако може да го зголеми ризикот од ширење на болеста преку кашлање, кивање и бакнување. Дополнително, некои од заразените луѓе се асимптоматски и изгледаат здраво, иако можат да го пренесат вирусот на други луѓе.


escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag