За мазни и меки стапала, не е неопходно да се посетат салони за убавина. Можете сами да направите одличен природен препарат, а покрај тоа што нозете ќе ви бидат меки, ќе се ослободите од замор и ќе се опуштите.
За пилинг за нега на нозе, потребни ви се:
- 1/4 чаша кафеав шеќер
- 2 лажички масло од кокос
- 2 лажички мед
- 3 капки масло од нане
Добро измешајте ги сите состојки и нежно тријте на нозете. Исплакнете со топла вода и исушете ги стапалата добро.
Ако не ја искористите целата количина одеднаш, ставете ја подготовката во сад со капак и користете ја во рок од еден месец.