Сте запознале привлечен и згоден дечко и по некое време сигурно ќе се запрашате каков е во кревет. Ако внимателно го следите, врз основа на неговиот говор на тело можете да дознаете какви љубовни способности поседува.
Движење
Оние мажи кои се движат самоуверно, цврсто се добри во креветот затоа што се свесни за својата моќна страна.
Говор
Колку повеќе е отворен за разговор, комуникативен, дружељубив тоа е сигурен знак дека добро комуницира и во креветот. Имено не е тешко да забележите добро расположен маж, маж до голема животна енергија, тој со сигурност е добар партнер за во кревет.
Јадење
Одамна е познато дека постои врска помеѓу храната и сексот. Истражувањата покажаа дека хедонистите се најдобрите љубовници. Може да се каже дека со добриот апетит значи добро либидо. Ако се мажот се радува на храната и ужива во секој залак можете да бидете сигурни дека знае да ужива и во креветот.
Допир
Машките кои секогаш се држат на дистанца, млитаво се ракуваат најчесто се такви и во креветот. Од друга страна мажите кои немаат проблем со контактот односно срдечно ќе ве прегрнат ќе бидат срдечни и во креветот. Се на се колку машкото полесно ја изразува наклонетоста за физички контакт толку е подобар во сексот.