Фатен со мистериозна русокоса, а девојката со која има син ја немаше никаде!

8 јули, 20200
oven

Холивудскиот актер Овен Вилсон е снимен како ручал со мистериозна русокоса во Лос Анџелес, додека неговата девојка Керолин Линдквист со која има 6-годишен син Финец, не била никаде на повидок.

Овен (51) уживаше во интересното друштво, во опуштено издание, не грижејќи се премногу за папараците кои ги фатија заедно. По ручекот дуото отиде на шопинг за купување на намирници во блиската продавница и заедно заминаа во непознат правец.

Овен бил во неколку врски пред Керолин во кои станал татко. Со Џејд Дуел, тој доби син, Роберт, и има 18-месечна ќерка, Лила Арања, која ја доби од Варуни Вонгсвиратес, со која, според американските медиуми, тој бил во врска околу пет години. Овен инсистирал на тест за татковство, а кога се покажало дека Лила е негова ќерка, тој се согласил да плати месечна алиментација од 25.000 американски долари. Сепак, актерот не сака да го види своето најмало дете.

Розите не цветаа ниту со Каролин. Имено, парот постојано раскинувал и се помирувал, па на крајот заклучиле дека е подобро да се разделат трајно бидејќи во спротивно нивната врска би можела да биде збунувачка за нивниот син кој е роден во 2014 година. Но, се чини дека тие повторно се смирлие кога бил со Варуни, а неодамна тој беше виден како ја бакнува во Њујорк додека појадуваа, а неодамна се забавуваа на плажа и со нејзиниот колега Били Зејн.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *