Драматично во Њујорк: таинствена болест поврзана со корона е откриена кај 100 деца, три починале!

popara13 мај, 20201min00
болест

Таинствениот инфламаторен синдром поврзан со коронавирусот е откриен кај стотина деца во американската сојузна држава Њујорк, додека три деца починаа.

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо изјавил дека Њујорк ги истражува случаите кои ги погодуваат крвните садови и органите и имаат слични симптоми со болеста Кавасаки и токсичен шок.

Куомо советувал при тестирањето за Ковид-19 приоритет да им се даде на децата кои ги покажуваат овие симптоми.

Само во градот Њујорки има 52 случаи на деца со тој синдром.

И во другите делови на Америка и Европа има хоспитализирани дека заради болеста која сега се нарекува педијатриски мулти системски инфламаторен синдром (ПИМС).

Болеста била забележана кај деца од различна возраст. Едно дете на 5 години, едно на 7 години и една 18 годишна девојка починале од синдромот.

Овој таинствен инфламаторен синдром се поврзува со коронавирусот, а бројот на случаи се зголемува.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma