ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ: Елен Деџенерис ги ОТПУШТИ своите продуценти !

popara19 август, 20201min00
elen

Популарното дневно шоу „The Ellen Show“, направи голема промена во работењето. Продуцентите Ед Главин, Кевин Леман и Џонатан Норман, кои се обвинети за несоодветно однесување и сексуално вознемирување, ги загубија своите работни места. Домаќинот Елен Деџенерис им се обрати на вработените преку видео-врска во понеделникот.

Според извор во магазинот „Variety“, водителката ги нарече неодамнешните обвинувања „ужасни“ и призна дека не е „совршена“, затоа што како водителка на шоуто, таа не им посветуваше доволно внимание на луѓето, бидејќи беше зафатена со управувањето со својот проект.

Забележано е дека нејзиниот говор бил емотивен, а самата Елена им се извинила на сите. Таа исто така најави дека ќе се врати во шоуто, но снимањето на новата сезона ќе биде одложено за една недела.

  • Отсекогаш сум сакала моето шоу да биде подеднакво пријатно зад и пред камерите, но во одреден момент работите тргнаа наопаку. Вината ја превземам на себе затоа што сум личност која прави пет работи одеднаш, и многу ми недостасува и не можам да им посветам доволно внимание на сите, но во следниот период ќе дадам се од себе да го коригирам тоа, рече, меѓу другото, водителката, како што пренесува споменатиот магазин.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma