БРИТИСКА поп сензација со косовско и албанско потекло, Дуа Липа го освои светот со нејзиниот оригинален и беспрекорен стил.
Значи, не нѐ изненадува што честопати имаме прилика да ја видиме на насловните страници на познатите модни списанта на новиот број на магазинот „Elle“, за кој позираше за дури две насловни,од која на едната носи најсекси фустан што сте го виделе, а на другата – НИШТО!
Фустанот од комбинација на кожа, црвена чипка и проѕирна ткаенина, со опасно висок отвор на долниот дел, е потпишан од модната куќа „Gucci“, додека шарената гитара со која го покри своето голо тело на втората насловна е реквизит од последната couture модна ревија на Moschino.
Покрај насловните страници, таа сними и моден едиторијал за магазинот, а посебно не воодушеви слоевитиот фустан од Marc Jacobs
Во интервју за магазинот, пејачката откри дека деновите во изолација ги поминува во тренерки, а се пофали дека смислила стајлинг, фризура и шминка за промотивните фотографии за нејзиниот нов албум Future Nostalgia, кој го објави пред две недели.