Се појави фреска на местото каде беше убиен Џорџ Флојд: Уште една насликана на ѕидовите на руинираниот Идлиб / Изникна мурал на местото каде беше убиен Џорџ Флојд: Уште еден насликан и на ѕидовите на руинираниот Идлиб
На муралите се наоѓаат зборовите: “НЕ МОЖАМ ДА ДИШАМ”
Ден по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, уметниците Ксена Голдман, Кадекс Херера и Грета Мејлејн започнаа да сликаат мурал на местото каде што беше убиен Флојд. Мурал со ликот на овој Афроамериканец е исцртан дури и во Идлиб во далечната Сирија.
Во центарот на градот сега има графит широк шест метри и висок два метри. Покрај името на Флојд, на неа се напишани имињата на сите Афроамериканци убиени од полицијата.
На дното се последните зборови на Џорџ Флојд: „Не можам да дишам“.
Сликата на овој Американец се појави и на sидовите на уништениот сириски град Идлиб.
Сирискиот уметник Азиз Есмер (36) од Идлиб е познат по своите дела на ѕидовите на куќите во Идлиб кои беа уништени за време на бомбардирањето.
Овој пат, Есмер реши да му оддаде почит на жртвата Флојд и му посвети мурал на Идлиб.
Покрај ликот на Флојд, испишани се и пораките „Не можам да дишам“ и „Стоп за расизмот“.