Џенифер Анистон објави свој гол портрет, но за тоа има многу добра причина

popara5 јуни, 20201min00
29085508-8377321-image-a-34_1591028508709

Славната глумица на својот Инстаграм профил објави фотографија на којашто позира гола, а сето тоа е дел од една добротворна акција.

Џенифер Анистон важи за една од најсексипилните глумици во Холивуд, со години е во топ – форма и како воопшто да не се променила, а овој пат реши својот изглед да го искористи за едно добротворно дело.

Станува збор за нејзиниот црно – бел портрет од 1995та година, фотографија којашто навистина ја обележа и има посебно место во кариерата на Џенифер. Глумицата позира потполно гола, со доза на елеганција и префинетост и не ги открива интимните делови.

  • “Мојот драг пријател Марк Селигер одлучи да стави 25 портрети на аукција, меѓу кои се наоѓа и мојата фотографија. Целиот износ од продажбата ќе се донира на NAF клиниката, организација којашто се бори против Коронавирусот. Му благодарам на Марк што ми овозможи да бидам дел од ова” – објави Џенифер.

Во склоп на оваа добротворна акција, продадени се и портретите на Леонардо ди Каприо, Били Ајлиш, Снуп Дог и Доктор Дре.