
Актерката Ким Катрал го полуде целиот машки свет играјќи ја Саманта Џонс во популарната серија „Сексот и градот“, а моментално е ангажирана во нов проект за кој американските медиуми велат дека ќе биде планетарен хит.
На својот Инстаграм профил ја извести својата публика дека новата серија во која ја има една од главните улоги ќе започне во септември.
„Време е да ја подигнеме чашата. „Filthy rich“ премиера понеделник, 21 септември“, напиша таа во описот.