Пандемијата со коронавирусот не се смирува, но наместо да паничиме, треба да бидеме одговорни и да работиме на превенција и зајакнување на имунитетот, а еден од најдобрите начини да го сториме тоа е да земеме оптимални количини на јод, според студијата на Националниот центар за ревматологија во Холандија.
Имено, д-р Р. Х. Верхајзен, анализирајќи ги податоците за бројот на жртви на Ковид-19 во светот, заклучи дека количината на внес на јод има значително влијание врз стапката на смртност кај најстарата популација.
Како пример, тој наведува:
– Епидемиолошките податоци покажуваат дека Јапонците, кои се познати по големиот внес на јод, имаат мала стапка на смртност од Ковид-19 во однос на другите земји, и покрај фактот дека Јапонија има најстаро население во светот и дека националните мерки за затворање биле меѓу најлесните.
Да ве потсетиме, јодот најмногу се наоѓа во алгите, морските риби и кујнската сол, а дневниот внес на јод треба да биде меѓу 1,5 до 2,4 милиграми по човек.