ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ ЖЕНИ ВО СВЕТОТ ГИ ШОКИРАШЕ ФАНОВИТЕ: Чувствував дека требало да се родам како момче!

30 јануари, 20200
262511_193513-profimedia0449652265-ls_ff

Манекенката Ирина Шајк (34), која важи за најзгоден модел на светот, зборуваше за мајчинството, раскинувањето со Бредли Купер (45) и детството.

Со поранешниот партнер ја има ќерката Леа, која ја роди во март 2017 година. Иако не ги објавува приватните детали во јавност, овој пат разговараше за таткото на своето дете, но со откривање на еден детаљ од детството најмногу ги шокира фановите!

Секогаш се чувствував како да требало да се родам како момче. Не знам зошто. Можеби тоа е затоа што татко ми секогаш сакал момче – кажа таа и продолжи:

„Кога почина, мислев: „Бидејќи јас сум сега момче, сега е време да се грижам за семејството“, изјави Ирина за Vouge.

Покрај тоа, Ирина мислела дека никогаш нема да се омажи, па збунетите фанови на социјалните мрежи почнаа да пишуваат коментари во кои истакнаа дека се збунети од нејзиното размислување.

Никогаш нема да се омажиш? Па, дали имаш огледало дома? Ти си боженствена, сите те сакаат – беше само еден од коментарите.

Таа додаде дека сега сака да биде жена, но целосно се сеќава на времињата кога не го сакала тоа.

Потсетуваме, пред Купер, таа беше пет години во врска со фудбалерот Кристијано Роналдо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi