Една третина од луѓето кои починале од корона вирус го имале овој здравствен проблем

popara21 мај, 20201min00
ковид

Новите откритија од Националниот центар за контрола и спречување на болести во Велика Британија покажуваат дека дури 7.466 пациенти кои починале од ковид, исто така, имале дијабетес тип 2, додека 365 имале дијабетес тип 1.

Тие понатаму изјавуваат дека овој број е една третина од луѓето кои починале и имале позитивен тест за вирусот корона.

Ова е поголем број отколку што се сметаше претходно, бидејќи минатата недела објавија претпоставки дека околу 26 проценти од жртвите на коронавирус имаат дијабетес тип 2.

Новите податоци покажуваат дека дури 7.466 лица починале од коронавирус со претходно постоечки дијабетес тип 2.

Ова е скоро 32% од 24.739 смртни случаи од ковид во Англија до 17 мај.

Лидерот на студијата, професорот Џонатан Валаби, ги опиша овие бројки како вознемирувачки и го посочи големиот ризик што го има вирусот корона кај луѓето со дијабетес.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma