Црните митисери, или народски кажано “црнки,” знаат да доведат до лудило, особено оние на носот и лицето.
Еве едноставен начин како да се ослободите од нив. Потребни ви се вода, лимон и сол. Да, толку е лесно!
- Една супена лажица морска сол
- ½ супена лажица сок од лимон
- 1 кафена лажица вода
Измешајте ги наведените состојки и со кружни движења нанесете ги на лицето и носот, 2 – 4 минути. Потоа, исчистете го лицето со препарат за нега на кожа, кој веќе го користите.
Совет: Немојте да го правите ова повеќе од двапати неделно. Трикот делува ако го користите умерено.