Иако на тронот на beauty тредновите беше мат изглед на кожата и усните, во последно време е повеќе посакуван сјајниот изглед кој има свое ефективно име- “ефект на стаклена кожа”. Се чини дека маслата за нега за лице станаа неопходен дел од beauty рутината, за да може кожата што повеќе да впие хранливи сосотјки и да стане природно сјајна со изедначен тен.
За постигнување на овој изглед, потребна е негата и хидратантноста на кожата, но исто така важно е нанесувањето на шминката.
Никој нема сјајна и безпрекорно чиста кожа, и понекогаш е многу тешко да го токриеме овој метод. Но вистинските производи и техниката на нанесување на на шминката е многу важна, како што кажува Dermstore.
Првиот чекор: Исчистете ја и истонирајте ја кожата
Добрата шминка секогаш треба да се почне на чиста и хидратанта кожа, а тоа е посебно важно кога е во прашање сјајот. Кога кожата е дехидрирана, и недостасува еластичност. Линиите на лицето и темните кругови тогаш се по изразени. Сјајната кожа свети, изгледа поубаво и подобро ја рефлектира светлината. Од таму е и изразот “ефект на стаклена кожа”. Темелно исчистете ја кожата, а потоа нанесете тоник кои прави чуда за зголемување на вашиот природен сјај. Тоа ќе ви помогне кожата да ви биде навлажнета и спремна за следниот чекор.
Вториот чекор за ефектот до стаклена кожа: Маска
Влажноста на кожата е клучна за сјај. Во својот третман за нега ставете производи богати со хијалуронска киселина, лубеница и алое вера бидејќи овие сосотојки ви ја хидрираат кожата, ги смирува воспаленијата и ви го освежува тенот. Практикувајте го неколку секунди и направете сами масажа на лицето која може да донесе голема корист за ублажување на воспаленијата на лицето и зголемување на протокот на крв и кислород.
Третиот чекор: Осигурајте и на кожата влага
Време е за серум и навлажнувач. Побарајте состојки кој ја хидрираат кожата како што се пептид, хијалуронска кисела, и лизин.
Четвртиот чекор: Покривање
Вашиот темел треба да изгледа лесен и свеж, а не мат, со тоа ќе се ослободите од тешките формули. Изберете препарат за чистење кој добро се вклопува со подлогата. Тонираната крема е исто така добро решение
Петиот чекор до ефект на стаклена кожа: Сјајот
Завршете го својот изглед со неколку сјајни линии во должина на веѓите, преку капакот, и должината на јаболчниците. Широка е палетата на производи кои може да ги користите- од хранливи балзами и суви масла до хајлајтери до други препарати за осветлување.