Ефект на “ кожа како стакло” и понатаму го сакаме, а може да го постигнеме со помош на овие 5 чекори

30 јуни, 20200
highlighter

Иако на тронот на beauty тредновите беше мат изглед на кожата и усните, во последно време е повеќе посакуван сјајниот изглед кој има свое ефективно име- ефект на стаклена кожа. Се чини дека маслата за нега за лице станаа неопходен дел од beauty рутината, за да може кожата што повеќе да впие хранливи сосотјки и да стане природно сјајна со изедначен тен.

За постигнување на овој изглед, потребна е негата и хидратантноста на кожата, но исто така важно е нанесувањето на шминката.

Никој нема сјајна и безпрекорно чиста кожа, и понекогаш е многу тешко да го токриеме овој метод. Но вистинските производи и техниката на нанесување на на шминката е многу важна, како што кажува Dermstore.

Првиот  чекор: Исчистете ја и истонирајте ја кожата

Добрата шминка секогаш треба да се почне на чиста и хидратанта кожа, а тоа е посебно важно кога е во прашање сјајот. Кога кожата е дехидрирана, и недостасува еластичност. Линиите на лицето и темните кругови тогаш се по изразени. Сјајната кожа свети, изгледа поубаво и подобро ја рефлектира светлината. Од таму е и изразот “ефект на стаклена кожа”. Темелно исчистете ја кожата, а потоа нанесете тоник кои прави чуда за зголемување на вашиот природен сјај. Тоа ќе ви помогне кожата да ви биде навлажнета и спремна за следниот чекор.

Вториот чекор за ефектот до стаклена кожа: Маска

Влажноста на кожата е клучна за сјај. Во својот третман за нега ставете производи богати со хијалуронска киселина, лубеница и алое вера бидејќи овие сосотојки ви ја хидрираат кожата, ги смирува воспаленијата и ви го освежува тенот. Практикувајте го неколку секунди и направете сами масажа на лицето која може да донесе голема корист за ублажување на воспаленијата на лицето и зголемување на протокот на крв и кислород.

Третиот чекор: Осигурајте и на кожата влага

Време е за серум и навлажнувач. Побарајте состојки кој ја хидрираат кожата како што се пептид, хијалуронска кисела, и лизин.

Четвртиот чекор: Покривање

Вашиот темел треба да изгледа лесен и свеж, а не мат, со тоа ќе се ослободите од тешките формули. Изберете препарат за чистење кој добро се вклопува со подлогата. Тонираната крема е исто така добро решение

Петиот чекор до ефект на стаклена кожа: Сјајот

Завршете го својот изглед со неколку сјајни линии во должина на веѓите, преку капакот, и должината на јаболчниците. Широка е палетата на производи кои може да ги користите- од хранливи балзами и суви масла до хајлајтери до други препарати за осветлување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi