СОФИЈА ВЕРГАРА ги коментираше обвинувањата дека водителката Елен Деџенерис ја навредила затоа што зборувала англиски (што не ѝ е мајчин јазик на актерката) за време на гостувањето во нејзината емисија.
Во видеото, Елен се смее и коментира за начинот на кој Софија зборува англиски.
Софија им се обрати на своите следбеници на Твитер и објасни дека никогаш не била жртва, но дека се шегува со Елен.
„Две комичарики се забавуваат една со друга. Никогаш не сум била жртва, секогаш се шегував“, напиша Софија со краток извадок од видеото.
Во видеото, Елен и Софија зборуваат за заедничка реклама што ја снимале, а водителката во еден момент вели дека ѝ дале на Софија премногу тешки реченици.
„Не знам зошто Ви дадоа вакви реченици, дури и не можете да ги кажете повеќето работи“, рече Елен и Софија се смееше.
Славната презентерка се најде под бројни обвинувања од поранешните вработени ова лето, кои тврдат дека ги злоупотребила на работното место.