
Познатата британска пејачка и текстописец Ени Ленокс (65), како и многу луѓе ширум светот, деновите ги поминува во изолација поради пандемија на корона вирусот.
– Што правите во изолација? Претпоставувам дека има многу бришење и чистење прашина… Јас правам малку повеќе од тоа… свирам и пијано и пеам… Нема да одам на турнеја со овие песни. Само одам низ моите музички ормари… наоѓам некои скриени богатства и ги чистам. Што мислите…? напишала Ени и запеа.
И тогаш Ени откри едно нешто што многумина не го знаеа.
– Ги напишав сите мои песни на пијано, со којшто започнав со вежбање пред 58 години – одговори пејачката.
Погледнете како Ени Ленокс во карантин ја испеа својата песна на одличен начин: