Легендарниот Ентони Хопкинс го запали интернетот со новата фотографија, која ја објави на својот Твитер.
Актерот на оваа социјална мрежа е многу активен и честопати ги забавува своите обожаватели со необични виеа – како на едно видео каде тој свири пијано заедно со својата мачка. Сепак, тој сега сподели необично.
Актерот се пошегува под фотографијата: „Веќе поминав 170 дена во карантин, мислам дека не сум луд уште“.
Фановите коментираа дека се чини дека тој почнува да ги покажува карактеристиките на еден од неговите најпознати ликови – Ханибал Лектор. Други му напишаа дека целосно го разбираат, дека исто така и нив им е ужасно досадно во карантинот.