Доколку имате прекумерна тежина, тогаш округлото лице доаѓа до израз. За да ослабне лицето, треба да ослабнеме во целост. Еве како:
1. Слабееме кога трошиме повеќе енергија. На пример, намалете ја дневната норма во исхраната за 500 калории, па за една недела можете да ослабете половина килограм.
2. Постепено преминете на нов режим на исхрана. На пример, оброците за почеток заменете ги со здрави, готвени оброци.
3. Запамтете– изгладнувањето носи низа опасности по себе. Затоа водете сметка да јадете здраво, но не и да гладувате.
4. Пијте многу вода – најмалку 2 литра чиста вода дневно.
Проверете ги хормоните, како и другите болести. Понекогаш лицето покажува болест.
Затегнете ги мускулите на лицето
1. Длабоко земете воздух и задржете го целиот во едниот образ. Потоа тој воздух преместете го во другиот образ. Повторете ја оваа вежба повеќе пати во текот на денот.
2. Затегнете ги усните и искривете ги на лева, па на десна страна и задржете ја таа позиција неколку секунди.
3. Развлечете ја устата во најостра насмевка, па потоа олабавете ја. И така неколку пати.
Активирајте го цело тело
Не е доволно да ги вежбате само мускулите за да изгледате фит. Потребно е да го вежбате цело тело:
1. Шетајте 30- 40 минути дневно.
2. 3-5 минути неделно правете интензивни вежби за согорување на мастите.
3. Работете низ дома домашни задачи, мијте прозори, смукајте, бришете прашина, чистете купатило и тн…
Редовен и добар сон
Добриот сон е предуслов за убавина, но и за слабеење. Тој кој не спие добро е склон кон прејадување, за да ја надомести потребната енергија.
Фантастични методи
1. Топли облоги: Пареата ги елиминира маснотиите од лицето. Натопете пешкир во жешка вода, па топол ставете го на лицето неколку минути.
2. Јакнете ги мускулите на образите со балони. Секој ден дувајте по 10 балони и ќе видите како лицето ќе ви ослабне.
3. Масажа на лицето- интернетот е преполн со видеа за самомасажа на лицето.