Во изминатите месеци, Џенифер Лопез најчесто се гледа во тренерки и спортски изданија, бидејќи нема повеќе гламурозни настани поради пандемијата на вирусот корона.
Сепак, атрактивната актерка и пејачка реши да ја почести публиката со прекрасно издание и на сите им посака среќен Божиќ во спектакуларна облека на нејзиниот профил на Инстаграм.
Латино дивата позираше на скалите на нејзината луксузна куќа во прекрасен, огнен црвен фустан од тул.
Фотографијата собра повеќе од 1,5 милиони лајкови и бројни комплименти и пофални зборови. „Леле, изгледаш убаво“, „Прекрасна си“, „Неверојатна си“, „Ти си вистинска кралица“, се само некои од коментарите.