ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ПЛАЖИТЕ ВО ЦРНА ГОРА!

popara11 јуни, 20201min00
crna gora

Очајно започна новата туристичка сезона во Црна Гора. Празни плажи, уште попразни ресторани, не ветуваат успешно лето.Корона кризата и спорот со Србија околу црквата си го направија своето и според проценките ова ќе биде најслаба сезона во последните 30 години.

Сепак секој втор граѓанин на Црна Гора верува дека коронавирусот нема да се врати оваа година, а повеќето сметаат дека вирусите слични на Ковид-19 ќе бидат вообичаена појава во следните десет години, покажува најновото истражување на агенцијата Ипсос.

Според анкетата, која Ипсос ја спроведе со поддршка на УНИЦЕФ, СЗО и Институтот за јавно здравје, мнозинството граѓани на Црна Гора применуваат разни мерки за превенција против ширењето на новиот коронавирус.

– Речиси 96 отсто од Црногорците велат дека се информирани за коронавирусот, додека процентот на оние кои се загрижени дека тие или нивни блиски луѓе би можеле да се заразат, се намали од 81 отсто во март на 56 отсто кон крајот на мај, се наведува во соопштение на УНИЦЕФ.

Истражувањето покажува дека две третини од граѓаните веруваат оти наскоро ќе биде произведена вакцина против Ковид-19, а седум од десет испитаници сметаат дека вакцините се еден од најдобрите изуми на медицината, благодарејќи на кој многу заразни болести се излекувани. Една третина од граѓаните одговориле дека ќе се вакцинираат доколку биде откриена вакцина против коронавирусот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag