Не може да ги види пријателите, но кој вели дека они не може да го видат него…
Актерот кој беше споредуван со Пабло Пикасо, бидејќи тој самиот ги „сликаше“ своите ликови и им даде карактер, Ал Пачино, вчера го прослави својот 80-ти роденден.
Поради пандемијата корона вирус, актерот не беше во можност да одржи голема прослава, но неговата ќерка Оливија најде начин да му направи „забава“.
Таа ги поканила неговите пријатели, кои дошле со автомобилот пред куќата на Ал Пачино и му аплаудирале на актерот кој излегол до портата.
„Среќен роденден, тато! Знам дека не можеш да ги гледаш твоите пријатели во моментов, затоа ги доведов до тебе”, напиша Оливија во видеото што го објави на Инстаграм.