Еве кога ќе има вакцина против корона вирус. Ова со сигурност го тврди британскиот научник!

popara12 април, 20201min00
vakcina

Таа изјавила дека 80 проценти е сигурна дека вакцината ќе „функционира“!

Вакцината против Ковид-19 би можела да биде готова уште во септември, според професорката на универзитетот Оксфорд, Сара Гилберт.

Гилберт вели дека е „80 проценти е сигурна“ дека вакцината што ја развила заедно со нејзиниот тим ќе биде добра.

Нејзиниот тим од универзитетот Оксфорд е дел од глобалниот напор да се пронајде вакцина против корона вирус во кој загинаа повеќе од 100.000 луѓе ширум светот.

Професорката додаде дека човечкото тестирање ќе започне во наредните две недели и дека таа работи седум дена во неделата за да ја подготви вакцината што е можно поскоро и затоа изјави: „Мислам дека многу веројатно ќе успееме врз основа на други работи што сме ги направиле со овој вид вакцина. Околу 80 проценти сум сигурна, тоа е мое лично мислење“.

Претходно во неделата, истражувачите од Универзитетот во Саутемптон изјавија дека откриле дека вирусот имал „слаба заштита“, што значи дека вакцината би можела полесно да се развива.

Велика Британија е водечка во финансирањето на вакцините и минатиот месец инвестираше 210 милиони фунти во меѓународниот фонд – што беше најголем придонес за вакцината до сега. Владата, исто така, рече дека би била подготвена да купи милиони дози ако тестовите се покажат успешни.

Сепак многумина не веруваат дека ова ќе се случи толку брзо. Останува да видиме!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag