Родителите и децата тешко се справуваат со настанатата ситуацијата, школување и работа од дома, а особено со фактот дека тие се затворени во куќата цел ден. За да ви помогнеме да ги „намалите неволјите“ во изолација, ви претставуваме рецепт за правење пластилин. Многу е едноставно да се направи и потребно ви е:
- 250гр брашно
- 140мл вода
- 50гр сил
- 1-2 лажици масло
- Неколку капки боја за храна
Измешајте брашно и сол, додадете вода и масло и мешајте десет минути додека смесата не се изедначи.
Додадете повеќе вода и брашно ако е потребно, боја и месете додека сè не се соедини.
Спакувајте ја смесата во ќеси и оставете ја во фрижидер некое време пред да почне детето да си игра.