Eве зошто Phoebe во „Friends “ мораше да има сестра близначка

popara13 јуни, 20201min00
fibi

Доколку сте голем фан на серијата “Friends”, тешко дека ви избегала некоја интересна работа во врска со ликовите или изработката. Зашто Phoebe мораше да има сестра близначка?

Вистинското прашање е не колку знаете, туку дали постои нешто што не знаете, бидејќи помина доволно време да го усвоите градивото.

Ако ги читате овие редови, значи дека сепак ви недостасува одговор на прашањето од насловот, кој ќе го добиете во продолжение. Објаснувањето се појави во книгата на Kelsey Miller “I‘ll be there for you”, со уште многу анегдоти.

Глумицата, која по мислењето на многумина го толкува најкомичниот лик, Lisa Valerie Kudrow требало да биде заменета со друга глумица. Токму од таа причина ја запознаваме сестрата на Phoebe, Ursulа, која не ја прифативме подеднакво добро.

Меѓутоа, не станува збор за барање на авторот, туку за моментално решение, Lisa во тој период ја снимала серијата “Mad about you”. Ја толкувала Ursulа, келнерка во ресторан. 

Проблемот настал во пресрет на премиерата на “Friends” во септември 1994, кога се испоставило дека Lisa ќе се појави на истиот канал во две различни улоги. Со тоа, сценаристите одлучиле да осмислат преодна варијанта со која нема да ги збунат гледачите, а полека да го внесат ликот во серијата.

На тој начин не дојшло до мешање на Phoebe со Ursulа, a Lisa можела да остане на сетот. Таа ја снимаше серијата “Mad about you” до 1999 година. Иако првобитната идеја била ликот на Ursula да се појави накратко, тој лик е задржан.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag