Канје (42) е еден од најпродаваните музичари во последните 20 години, а не е задоволен со проценката на Форбс.
Според статистиката на магазинот „Форбс“, раперот Канје Вест официјално стана милијардер. Со увид во сите негови недвижнини и финансии, тие проценија дека тој „тежи“ дури 1,3 милијарди долари.
Меѓу неговото богатство е неговиот моден бренд, а покрај вредните недвижнини, Канје има и 35 милиони долари во акции.
Канје (42) е еден од најпродаваните музичари во последните 20 години. Заедно со сопругата Ким Кардашијан, тој има неколку вили во Лос Анџелес, и е втор најбогат рапер на списокот „Форбс“, веднаш по Џеј Зи.
Сепак, Вест не е задоволен од новите вести. Тој тврди дека магазинот „Форбс“ го потценил и всушност вреди 3,3 милијарди долари, но вели дека тие погрешно пресметале сè, пишува Mirror.
Тој смета дека го сториле тоа намерно затоа што, како што вели, тие одбиле да го стават на списокот на милијардери минатата година. “Знаете што правите. Си играте со мене и нема веќе да молчам”, му напиша Канје на новинарот на Форбс.