Младиот македонски актер од Театар Комедија, Жарко Димоски, реши официјално да заплива во брачните води со неговата свршеница, а сега сопруга Андреа Јосифова.
Нивната свадба се случи на вчерашниот ден 10.08.2020. Венчавката на Жарко и Андреа се случи во Ровињ, Хрватска во кругот на најблиските членови и пријатели почитувајќи ги правилата и препораките за заштита од коронавирусот.
Жарко преку социјалните мрежи се пофали дека веќе е женет човек. Имено, тој објави кратко видео со сопругата, а во описот напиша:
„Официјално е. Среќата само што започна. Љубов. 10.08.2020“.