ФОТО: Се ожени познатиот македонски актер, а за свадбата ја одбраа оваа дестинација надвор од Македонија
11 август, 20200
![Picture1](https://popara.mk/wp-content/uploads/2020/08/Picture1.jpg)
Младиот македонски актер од Театар Комедија, Жарко Димоски, реши официјално да заплива во брачните води со неговата свршеница, а сега сопруга Андреа Јосифова.
Нивната свадба се случи на вчерашниот ден 10.08.2020. Венчавката на Жарко и Андреа се случи во Ровињ, Хрватска во кругот на најблиските членови и пријатели почитувајќи ги правилата и препораките за заштита од коронавирусот.
![](https://vistina.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/andrea1.jpg)
Жарко преку социјалните мрежи се пофали дека веќе е женет човек. Имено, тој објави кратко видео со сопругата, а во описот напиша:
„Официјално е. Среќата само што започна. Љубов. 10.08.2020“.