Новак Џоковиќ полека се враќа на тренинзите и подготовките за турнири кои сè уште се наоѓаат во маглата заради целокупната состојба предизвикана од пандемијата на коронавирус.
Сепак, најдобриот тенисер во светот очигледно не издржал во изолација.
Имено, тој на Твитер објави видео за тоа како се рекреира и истовремено се вклопува за време на пандемијата и карантинот.
Видеото е направено на крајот на март, а според она што го покажува Новак, тој очигледно не би бил ниту лош кошаркар.
И, би се рекло дека има мека рака.