Големата игра за контрола на малите луѓе

popara16 април, 20203min00
covid 19

Се мислам скоро една недела дали да седнам да напишам свое видување за се ова што ни се случува денес, а да не бидам гатара како Васко Ефтов, или демагог како многумина аналитичари во Македонија, сезнајко како квази стручњаци за разни епидемии и пандемии, неинформиран и недоволно едуциран како бројни актуелни политичари, за на крај и залутан што во разни министерства, а што во т.н агенции што се пред се платени за да ни го чуваат мирот и здравјето.
Затоа , за да не бидам како нив, ќе морам да Ве вратам далечната 1948 година. Тогашниот говор на Џорџ Фридрих Кенан за планирањето на надворешната политика на САД , по втората светска војна. За да Ви олеснам, само ќе напоменам дека Кенан беше вршител на должност во Американската амбасада во Москва од 1946 година, а познат е како автор на долгиот телеграм , кој ја дефинираше експанзионистичката политика на Комунистичка Русија , тогашен СССР. На линија на тој телеграм, се водеше и доктрината за стопирање на СССР во своите намери, која беше основа и на Трумановата доктрина за Студената Војна.

Неговата теорија, дека поседуваат или контролираат само 6 проценти од светската популација, иако поседуваат повеќе од 50 проценти од светското богатсво, ден денес е тема за обработка и дискусија. Концептот за демонстрирање и употребата на моќ по секоја цена за да се достигнат зацртаните цели, дури и познатиот Оливер Стоун го парафразираше со реченицата: Не се работи за поединец или партија, туку за систем…

Моќта се демонстрираше, а неолибералниот капитализам како концепт си ,,возеше“ на оној начин на кој што најмногу одговараше на тие што всушност го створија. Познатата Наоми Клајн во ,,Доктрината на шокот“ феноменално ги опишува алатките со кои се служеа неолибералите, во нивниот пљачкашки поход, криејќи се зад идеалите на правата и демократијата. Заслепени од идеалите на концептот, дури и западните демократии не го сфатија во целост моделот наречен неолиберален капитализам. Не случајно и ова денес што се случува во светот, состојбата во болниците од најразвиените економии, е далеку потешка од тие на пример во Африканските сиромашни држави.

Химните на глобализмот напишани од Милтон Фридман уште во далечните седумдесети, ден денес се пеат, ретроактивно не менувајќи ниту еден стих во напорите и намерите на моќните. Тој докажан Нобеловец со неговите студенти кои воедно беа и консултатнти на Пиноче во Чиле, со мотото милом или силом, ги ,,затру“ инаку ,,недолжните“ носители на глобалната идеја, зад која се кријат многу енигми за се што ни спремија да ни се случи во иднина.

Подобрувањето на човечката раса на Кисинџер од 2009, и големата потрага по „совршен човек“ многу едноставно можеме да го реаплицираме на она што ни се случува денес.

„Кога еднаш стадото ќе прифати обавезно принудно вакцинирање, играта е завршена. Тогаш ќе прифатат било што, дури и принудна донација на крв и органи – а се со цел за општо добро на сите. Ќе се заработуваат милијарди на вакцини, што е огромна победа. Ќе го разретчиме стадото, а притоа сами ќе си ги платат услугите за истребувањето.”
…За да истиот тој Кисинџер на 3ти Април оваа година, се појави баш сега, во епицентарот на светската пандемија, со изјава во три точки : Да се вакцинираат најшироки слоеви од светската популација, САД масовно да се вакцинира со преоѓање на дигитален финансиски систем и корпоративниот бизнис заедно со светските олигарси, на диригиран начин си го најдат сопственото место во иднината на цивилизацијата што ќе опстане.

Мислам дека дојдовме до поентата на текстот и можеже слободно да го вклучиме Бил Гејтс и неговото ,,напуштање“ на кормилото на Мајкрософт и целосното посветување на бизнисот со вакцини. Значи фокусирано и без грешка.


Од сите страни слушаме теории на заговор поврзани со Бил Гејтс и Корона експанзијата, но за да дојдеме до короната, ќе мора да го вратиме Гејтс некоја година назад.
Неговата стратешка филантропија поврзана со производството на вакцини е директно во сооднос на неговата желба, токму Мајкрософт да го има приматот во глобалната дигитална идентификација од самата вакцинација. Неговите ,,инвестиции“ од преку 450 милиони долари во Полио, вакцините што се користеа во Индија , а пред се со дозвола од Индиската агенција НТАГИ, имунираше деца до 5 годишна возраст. Полио парализата што ја предизвикуваа кај децата овие вакцини, земаа размер во период од 2000-2017 од преку 490.000 паралиизрани деца само во Индија. Во 2017 та година Гејтс е избркан од Индија, а акциите на НПАФПА, се разбира паднаа нагло. Најголемите епидемии во Конго, Авганистан и Филипини се поврзани со Полио вакцините на Гејтс. Во 2014 година се направени тестови и експерименти со ХПВ вакцини во Индија. Во оваа негова акција беше поддржан од две светски фармацевтски компании чии имиња почнуваат со буквите Г и М.

HPV вакцините не го зголемуваат ризикот од примарна оваријална ...

Од вкупно 22.000 вакцинирани девојки против ХПВ вируси, 1200 имаа пад на имунитетот и пореметување на плодноста, 7 умреа. Индиските органи на прогон пробаа законски да ги ,,бркаат“ носителите на оваа ,,акција“, но без успех. Во 2010 година Гејтс ја финансира третата фаза во развивањето на вакцината против маларија на фирмата Г, која при тестирањето успеа да убие 151 афрички новородени деца, воедно предизвикувајќи, парализа и фебрилна конфузија кај 1488 од вкупно 5.499 новородени бебиња. Во тек на кампањата во под сахарска Африка во 2002 година, оперстивците на Бил Гејтс, присилно вакцинирале илјадници Афрички деца против менингитис, притоа парализирајќи 50 од секои 500 вакцинирани деца.

Бил Гејтс предлага три чекори за справување со новиот коронавирус


Во 2010 година Гејтс издвојува 10 милијарди долари за СЗО, за да за еден месец покасно во познатото Токшоу самиот признае дека со вакцинирањето драматично може да се намали бројот на светското население.

Кениското здружение на лекари, покренаа иницијатива против СЗО, заради (читајте) ХЕМИСКА СТЕРИЛИЗАЦИЈА на милиони жени во Кенија, и тоа во кампањата со вакцини против тетанус. Слични оптужби стигнаа и од Танзанија, Никарагва, Мексико и Филипини. Знаете, не се случи ништо, иако нешто подоцна СЗО призна дека развива со децении вакцина за стерилизација.
Студијата од 2017 година покажа дека популарната вакцина ДТП убива повеќе деца од тоа што успева да спаси. СЗО повторно беше на мета , како и Гејтсовите 650 милиони долари подарени на СЗО за развивање на вакцините, а се со една дефиниција: здравјето на луѓето доаѓа од вакцинацијата.

Се разбира Гејтс и неговата приватна фармацевтска компанија развиваат вакцина за корона вирусот, но за да игра на сигурно вложи и дополнителни 60 милиони долари во 120 помали фармацевтски компании да го прават истото.

Дејвид Ајк на неколку пати прозван овој месец порача: Уапсете го Бил Гејтс. Тој во едно од последните интервјуа, појавувањето на вирусот корона го поврза со 5Г мрежата, заради што и беше забранет на повеќе телевизиски и интернет мрежи.

Нападите на столбовите на 5Г мрежата во Англија и Ирска се поврза со ова интервју, за не случајно BBC го обвини директно Ајк како иницијатор на тие случувања. Тој во тоа интервју нагласи дека не случајно вирусот потекнува од Вухан, прва провинција во Кина што ја разви 5 Г мрежата. Тој исто така кажа, дека во вакцината што ќе се развие против короната ќе содржи микро чипови кои ќе го контролираат човештвото во целост и тоа од само еден центар. Претпоставувате на кого мислеше Ајк во тоа интервју. Освен Гејтс , Ајк го спомна и Маск- основачот на Тесла кој со илјадници сателити го покрива земјеното небо, а кои директно ќе комуницираат со преку 45.000 предаватели на 5Г мрежата.

МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ: Се шират лаги и страв, во Македонија нема во ...


Напаѓајќи ја телекомуникациската компанија ОФКОМ од Англија за ширење на 5Г мрежата во Англија, ја наведе компанијата да почне да истражува, наоѓајќи директна поврзаност на телевизијата Лондон Лајв , Сергеј Лебедев инаку син на поранешниот КГБ и ФСБ агент Александар Лебедев.

И да земеме во предвид дека Дејвид Ајк е писател што сака да привлече што поголемо внимание, за да продаде што е можно поголем број на книги, не смееме да ги отфрлиме во целост сите негови изјави.

Во целата акција директно во меѓувреме го вклучија Др. Фаучи кој според научните работници, од САД со децении ,,продава“ т.н фејк сајнс, како директен поддржувач на СЗО и активностите на Гејтс и неговите соучесници, со разни теории за разни влијанија на разни истражувања во декадите што поминаа. Тоа во моментов ги покрена сите научни и истражувачки центри во директна борба против, како што ја нарекоа – ,,длабоката држава“.

Еден од носителите на овој стручен и граѓански отпор е Др. Шива Ајадураи кој е експерт по биологија, а има докторирано токму на Биолошки Инжинеринг во Њу Џерси. Обвинувајќи ги пред се Фаучи и Биркс за играње ,,родео“ со населението, а се со цел вметнување на страв кај луѓето по секоја цена. Во петицијата за отказ на Др. Фаучи до сега се потпишани преку 40.000 луѓе од кои 2000 лекари од целиот свет. Инаку, познато за Др.Фаучи е дека е близок пријател на фамилијата Клинтон и нивната Глобал Инишатив фондација, користејќи го своето влијание на NIH , CDC и СЗО, преку донација на кинеското CDC од 26 милиони долари од пред некоја година, а во директна соработка на Цукенб.. фондација, фонфацијата на Бил Гејтс и фамилијата Клинтон, прават притисок: вакцинирај, вакцинирај, вакцинирај…

Според нив најважен центар за атак кај човекот, на кое работат Гејтс и неговите истомисленици, е намалување на имунолошкиот систем кај луѓето, а се со цел да бидат полесно подложни на било каков напад од било каков вирус или бактерија.
И како цреша на целата ,,приказна“ ќе го нагласам сомнителното минато на председателот на Светската Здравствена Организација, која пред се е Невладина Организација формирана од девет истомисленици. Интересно е во тоа основачко собрание седеле двајца со име Дејвид, а двајцата со почетна Р во нивното презиме.


Што мислите?! Зошто Трамп престана да го финансира СЗО? Дали е Трамп сам во оваа огромна Трета Светска Војна? Какви последици ќе остави се ова на сите светски економии?

Трамп: Светска банка да не и дава повеќе кредити на Кина » opserver.mk


…Се разбира ќе го вметнеме во текстот и дел од денешната статија која јасно кажува за лажирање на бројот на умрени од некои влијателни институции, како и погрешното третирање на вирусот со респираторни машини, можеме да ја заклучиме целата ,,приказна“.


Не сакам да звучам како теоретичар на завери, зошто тоа не ми беше целта која сакам да ја постигнам со овој текст. Напротив. Само таксативно Ви ги изнесов фактите пред кои и боговите молчат без ниту една буква додавање на веќе кажаното.
Пробав да изнесам факти од еминентни експерти во своите области, да ги сублимирам во еден текст за да го олеснам Вашето толкување.
И ќе завршам со Др. Диздаревиќ и неговиот одличен текст објавен пред неколку дена на еден од регионалните медиуми:

„Се заедно, некој сепак се ,,преигра“ со оваа изолација во оваа глобализација во која живееме, па им остави време на нормалните луѓе да се вратат на себе , да се присетат на се што и како беше и што сакаме, за да можеме да им застанеме на патот на тие современи чипови. Направија грешка што ни дадоа време и простор во изолација, повторно да размислуваме за смислата на животот, за себе, за нашата околина, за општеството во кое живееме. Да не го правиме тоа што не смееме во среќно произведената системска ретардација и тоа баш кога на „владетелите” одлично им тргна.
И тоа со невидена помош на тие што се набљудуваа молкум, легнати на грб со сите четири во вис. За да дојде повторно да гласаме за нив… и повторно.. и повторно. А знаат ли нашиве што воопшто се случува во светот?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma