ХАЛИ БЕРИ сподели топлес фотографија на својот Инстаграм профил и испрати силна порака.
„Љубовта кон себе никогаш не е себична“, напиша актерката под фотографијата на која позира како седи на подот во бели панталони и ги покрива градите со рацете. Фотографијата собра над 232.000 лајкови.
Објавата беше споделена еден ден откако 54-годишната актерка реши да се застапува себеси за време на разводот од Оливие Мартинез. Разводот беше инициран во 2015 година по две години брак.
Славната актерка неодамна го прослави 54-от роденден и по тој повод го почести својот тим на Инстаграм со кратко видео кое го одзема здивот. Хали изгледа одлично, а целиот кредит оди на секојдневните напорни тренинзи.