Украинката Нина Рудченко (57) преживеала хорор кога во Полтава ја нападнале пијаните соседи, двајца браќа.
Мажи на возраст од 27 и 30 години влегле во нејзината куќа, ја тепале со бејзбол палка и ја мачеле додека не се онесвестила. Потоа ја влечеле до гробиштата, истуриле вода на лицето за да ја разбудат, ја присилиле да ја ископа дупка и и рекле да легне внатре.
Потоа почнале да ја потрупуваат со земја, а таа се обидела да задржи малку воздух со рацете.
„Тие се смееја и зборуваа дека ќе го убијат моето семејство. Кога завршија, ме прашаа дали сум мртва и заминаа“, рече Нина.
Таа се спасила, како што вели, затоа што гробот бил многу плиток, па успеала да излезе и да ползи до куќата каде веднаш изгубила свест.
Следното утро, сестрата Људмила Гура ја нашла на подот.
“Имаше крв и модринки по целото лице. Беше модра и отечена. Едвај ја препознав”, се сеќава Људмила. Жртвата била веднаш пренесена во болница, а според сознанијата на хирургот Олександрм Климчук, имала скршеница на вилицата и носот, додека целото тело и било со модринки.
Осомничените за обидот за убиство се уапсени и е започната истрага. На сослушувањето, тие рекле дека биле под дејство на алкохол.
Ако бидат прогласени за виновни, браќата ќе добијат до 10 години затвор.