Поради едно гостување во емисија и една глупава изјава сега Хејли и Џастин се заедно.
Судбина или нешто друго? Хејли Бибер ја раскажа приказната на нејзиното последно гостување на “The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, во кое ги освои срцата на сите. Таа ја откри лудата случајност што доведе до тоа таа и Џастин да завршат заедно.
Колку малите нешта може да променат многу и да донесат нов почеток го потврди и Хејли која откри како започнала љубовната врска помеѓу неа и Џастин. Тие се запознале многу одамна во 2009 година, кога тој имал 15години, а таа 13, но тогаш биле само пријатели.
Кога нејзиниот татко ја однел во шоуто Today, каде гостувал Џастин, таа не ни знаела кој е тој. Сосема случајно незиниот татко и мајката на Џастин почнале да зборуваат. Уште веднаш станеле добри пријатели и продолжиле да се дружат. Хејли во тоа време не ни помислила дека можеби Џастин е заинтересиран за неа и од тој период се појави заедничка фотографија од нив, која стана хит на интернет. Тие се познаваа, се дружеа, но никогаш не размислуваа да бидат заедно. Околу 10 години подоцна, поконкретно во 2018 година, Хејли беше во посета на Џими Фалон, разговарајќи со него за сè и сешто, а меѓу другото, таа покажа една од своите способности – дека може да отвори шише пиво со забите, а по шоуто веднаш и се јавил Џастин.
Тој и се јавил да и каже дека нејзината способност е навистина кул и дека му се допаѓа како таа го отвора пивото со заби. Година дена подоцна завршија како брачна двојка. Можеби благодарение токму на Џими Фалон.