Откако на интернет се појави видео во кое може да се види Дензел Вашингтон како стои покрај полицајци и неименуван маж, и предизвика бројни теории за тоа што се случило.
Изминативе неколку денови во Америка, по смртта на Џорџ Флојд откако беше задушен од страна на полициски службеници, во многу градови има протести додека во некои гратови тие прераснаа во нереди со смртни случаи. На една видео снимка се појави и познатиот актер Дензел Вашингтон која ги загрижи неговите фанови поради ситуацијата во која се нашол, а медиумите пишуваат што се случило.
Според информациите Дензел го видел младиот маж на сред прометна улица во опасност да биде удрен од кола. Официјална изјава стигнала и од полицијата на Лос Анџелес за настанот и претставникот за јавност на актерот.
– Кога пристигнале полициските службеници, иако немало никаков инцидент младиот маж бил задржан за да се направи проценка на ситуацијата и била повикана Единицата за проценка на ментално здравје и заклучиле дека не претставува опасност по што бил пуштен од местото на настанот. Колку што разбравме господинот Вашингтон му дал маска за лице и најверојатно храна по што си заминал – изјавил претставникот.